недела, 20. септември 2020. Вести денес: 4
home Вести

Заев тврдеше дека нема да има двојазични униформи, Нухиу денеска ги потпиша актите за албански јазик на полициските симболи

Заев тврдеше дека нема да има двојазични униформи, Нухиу денеска ги потпиша актите за албански јазик на полициските симболи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пролета во 2017 година одговарајќи на новинарски прашања рече дека не бегаат од дебата за сите прашања, но дека според експертите кои ги консултирале, воведување двојазичност на банкнотите и на униформите на армијата е противуставно.

Претходно тој тогаш истакна дека програмата на идната влада ќе се темели исклучиво на Уставот на Република Македонија и во интерес на зачувување на нејзината унитарност.

Инаку, денеска министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на Фејсбук објави дека се потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои ќе биде испишан и албанскиот јазик на симболите.

„Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)!“, напиша Нухиу на Фејсбук.

Нухиу го наследи Наќе Чулев на чело на МВР откако на овој му истече мандатот според договорот за техничка Влада, а оретходно министер беше Оливер Спасовски. Тој беше министер и по изборите во декември 2016 пред да се формира новата Влада.

Коронавирус