недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Заев треба да се извини за лудостa што ниеден политичар никаде и никогаш не ja направил

Заев треба да се извини за лудостa што ниеден политичар никаде и никогаш не ja направил

Премиерот Зоран Заев вели дека жали што историчарите немале храброст за исчекор во историската комисија, по неуспехот за изнаоѓање на решенија на последната средба на Македонско- Бугарската комисија. Но, Заев не треба да жали што историчарите немаат храброст, Заев треба да се извини за сопствената лудост, за сопствената понизност, за она што ниеден политичар никогаш и никаде не помислил дапреговара. За идентитетот. Заев може да жали единствено за крајот на сопствената политичка кариера.

Во стилот на Горан Стефановски од Диво месо македонскиот народ солзи нема да го исплаче колку што е тој за жалење, за се она што и го прави на Македонија.

„А ти ако сакаш да разградуваш, марш надвор и не враќај се! Изрод еден! Сè на своја рака… со првиот ветер како муви без глава… мислите сè што лета се јаде. Европа ве бара! Ѝ се прди на Европа за вас! Не знаете да се чувате… живеете на вересија…. ќе загинете по некои дупки… ќе ве изедат пајажини… Името ќе ви се затре, коренот ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас! Солзи немам да ве исплачам колку сте за тажење“ -Димитрија, „Диво Месо“, Горан Стефановски

„Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател“, порача премиерот Зоран Заев во интервјуто за бугарската БГНЕС, во која одговара на повеќе прашања поврзани со актуелните историски спорови, заедничкото минато, но и европската иднина на двете земји.

„Ние, двете земји, мора да бидеме доволно паметни да ја искористиме оваа заедничка историја за да изградиме мостови на пријателство. Затоа велиме дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој се борел за слободата на Македонија, за Одринско и за сите. И ова е апсолутна реалност“, вели Заев.

Ќе се менуваат и македонските учебници.

„Бугарските колеги се обидуваат да го наметнат бугарскиот етнонационален и исклучив наратив како единствен кој треба да се изучува во учебниците во Македонија. Поголем дел од бугарскиот тим во Комисијата нема чувство дека станува збор за образовен систем на друга држава и дека не може една држава да ѝ диктира на друга држава што ќе се изучува во училиштата во Македонија“, велат од македонскиот тим.

Коронавирус