недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заев: Тоа што се прави пред домовите на пратениците е недозволиво

Заев: Тоа што се прави пред домовите на пратениците е недозволиво

Децата на пратениците, лично јас, а и сите околу мене ќе ги заштитиме, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестите пред домовите на пратениците на СДСМ поради изгласувањето на Законот за употреба на  јазиците.

– Протестот е уставно право и дозволиво е протестирање на граѓаните и тоа е право кое што треба да се ползува. Но тоа што се прави пред домовите на пратениците, пред нивните дечиња, членовите на нивните семејства и родители апсолутно е недозволиво, заради тоа што е кршење на приватноста на домот, директни закани се упатуваат, омаловажување и целосно сеење страв и трепет кај дечињата. Ние нема да дозволиме тоа така да продолжи, рече Заев.

Тој посочи дека МВР презема дејствија, бидејќи има неколку кривични дела кои се прават.

Нагласи дека не очекува нова политичка криза во земјава и покрај протестите пред домовите на граѓаните и најавите за протести од најголемата опозициска партија.

– Се е јасно кој стои зад протестите пред домовите на пратениците и како ги организира, но и апсолутно е јасно кој и какви пари и од каде ги прима за тоа, потенцира Заев.

Најнови вести

Коронавирус