вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 6
home Вести

Заев тешко дека ќе го прифати предлогот на Мицкоски- да ја напушти политиката ако загуби на изборите

Заев тешко дека ќе го прифати предлогот на Мицкоски- да ја напушти политиката ако загуби на изборите

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешната емисија „Јади бурек“  предложи да се воведе кандидат за иден мандатар.

Тој кандидат за иден мандатар треба да биде носител на кампањата која што политичките партии ќе ја спроведуваат.

-Зошто да не воведеме во Изборниот закони механизам кој што ќе биде по теркот на Европската Народна Партија и кој што беше дел од европските искуства на европските избори, шпицен кандидат, ние да го именуваме како кандидат за мандатар, односно носител на мандатот. Мора да имате вие носител на мандатот, односно човек кој што утре ќе ја добие довербата од граѓаните да формира Влада или пак неговата понуда и неговите политики ќе бидат поразени. Тоа менува многу затоа што Вие излегувате на избори, доживувате пораз и потоа се криете зад пратеничкиот мандат и позади имунитетот кој што го имате во Собранието, а вашата политика граѓаните ја поразиле. Ајде да бидеме честити, предлага Мицкоски.

Од СДСМ до моментов одговор на овој предлог нема. ВМРО-ДПМНЕ утрово преку партиско соопштение ја повика партијата на Заев да се огласи.

СДСМ и Зоран Заев се во паника и затоа бегаат од одговорност. Зоран Заев да го прифати предлогот на претседатeлот Христијан Мицкоски лидерите на партиите кои се во трка за парламентарни избори да биде со својство кандидат за мандатар, и ако ги изгубат изборите да се повлечат од политиката, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Доколку Зоран Заев има барем малку храброст ќе го прифати овој предлог. Лидерите на партиите мора да сносат одговорност за своите политики. Воведување на системот кандидат за мандатар е европска пракса и одраз на најголема морална одговорност во политиката. Доколку Заев е за вистински вредности, а не лаже, тој ќе го прифати тоа. ВМРО-ДПМНЕ е за нов начин на водење на политиката. Со одговорност, отчетност и работа. Мора да им се врати надежта на граѓаните, дека не сите политичари се како Зоран Заев, дека не сите крадат и лажат. Во таа насока ВМРО-ДПМНЕ по изборите ќе изгласа закон за проверка на имот на политичарите. Секој ќе мора да си го оправда имотот. Недозволиво е некој со функционерска плата да станува милионер преку ноќ, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, истакнуваат од партијата.

Предлогот за кандидат мандатар, реално, е примамлива понуда само за политичар кој е сигурен во поддршката која ја ужива кај народот. Пред изборите мандатарот јавно застанува зад целата кампања која ја нуди партијата, програмата со која се претставува пред граѓаните. Но, одговорноста за евентуалниот пораз, ќе падне на негов грб.

Затоа, премиерот Заев молчи пред овој предлог. Лидерот на СДСМ е свесен дека поддршката која граѓаните ја даваат на неговата партија секој ден паѓа и дека порзот на претстојните избори е голема закана за него.

Овој предлог на Мицкоски значи дека ако мандатарот загуби на изборите, ќе треба да си замине од политиката. Од тука станува јасно дека Заев тешко дека ќе прифати ваков договор.

Колку и да знае дека е веројатно дека граѓаните нема да му ја дадат поддршката, Заев е подготвен на буквално се, освен да се повлече од политиката.

Коронавирус