среда, 4. август 2021. Вести денес: 159
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Заев: Сум разговарал повеќе пати со Порошенко на телефон

Заев: Сум разговарал повеќе пати со Порошенко на телефон

Јас напоменувам, не ми е првпат да имам разговарано со Столтенберг, со Порошенко, со многу други лидери, со земји партнери на Република Северна Македонија, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата која следеше после скандалот со руските комедијанти кои во лажен разговор му се претставија како Петро Порошенко и Јоханес Столтенберг, при што премиерот Заев несакајќи откри државни тајни како и разговори во високи претставници од меѓународната заедница.

-Во еден дел на објавените телефонски разговори се извршени сериозни интервенци и се ставени во контекст кој не е автентичен, поради што се извлекуват невистинити заклучоци. Таков е објавениот дел за прашањето на Македонската православна црква, тоа е дел од разговорите во кој е направена интервенцијата. Таму јас единствено зборувам за мојата определба МПЦ да добие автокефалност, исто така никогаш не бил спорен ниту скриен мојот став со давање на конкретни придонеси и подршка на МПЦ дома и во странство, изјави на денешната прес конверенција премиерот Зоран Заев.

Коронавирус