сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 75
home Вести

Заев стигна од 200.000 евра поткуп кај Мирчо свињарникот, до 50 евра евтин пи-ар за казна за возење без кацига

Заев стигна од 200.000 евра поткуп кај Мирчо свињарникот, до 50 евра евтин пи-ар за казна за возење без кацига

Невидено театарско шоу на премиерот Зоран Заев и неговите придружници на мотор е казната од 50 евра која што му стигнала за сторен прекршок за возење без кацига.

Заев пред неколку години на снимка во вршење на градоначалничката функција во Струмица цела македонска јавност го виде и слушна како се договара за приватизација од 200.000 евра, од кои „едно евро за Вицето, едно за црквата“, сега стигна до евтиното пи-арско шоу вредно 50 евра казна за сообраќаен прекршок.

Потсетуваме на случајот „Поткуп“ каде по кривична пријава на бизнисменот Иван Николов за барање поткуп од страна на сега премиерот Зоран Заев кој беше обвинет за нудење поткуп. Случај во кој подоцна во контрадикторна одлука Кривичниот суд оцени дека Зоран Заев „ниту барал, ниту примал поткуп“ , додека снимката на која јасно се гледа како тогаш градоналникот на Струмица се договара за приватизација по принципот „кај Мирчо свињарникот“, се уште се врти на Јутјуб.

Сега снимката која се врти од вчера е „бесното“ возење на мотор на премиерот, кој во лош обид за евтин пи-ар се обиде да се поправи за лошото поведение пред граѓаните, дека не смее да вози мотор без кацига, со што направил прекршок за кој казната е 50 евра, па експресно му беше доставена казна и Записник за сторен сообраќаен прекршок.

Новинарот од Клан телевизија Фуркан Салиу на социјалните мрежи напиша дека налозите за сторен ваков вид на прекршок од страна на физички лица се издаваат на лице место, а од снимката може да се види дека премиерот и неговите придружници не ги сопира полиција, како и тоа дека налозите и поканите се повлечени веќе одредено време и се издаваат само записници за сторен прекршок.

Не само Салиу, ова најде на огромен број на реакции од јавноста па истово граѓаните го нарекоа лош пи-ар.

Во случајов, Заев сака да ги залажува граѓаните дека несоодветното поведение во сообраќајот се казнува во Македонија, додека снимките од договарањата за поткуп уште ѕвонат по мрежите. Да се потсетиме на изјавата на Боки13 во судот при изрекување на пресудата во случајот „Рекет“, каде пред целата македонска јавност за парите од рекетот истакна „барајте ги кај Зоран и Вице Заев“, исто снимка која се уште се врти во јавноста.

Но Заев не е љубител, се чини на ваквите снимки, ниту пак на снимките со руските пранкери на кои разговараше со светски познатата граѓанска активистка Грета и со претседателот на Украина, Петро Порошенко, туку повеќе ги сака снимките за кои може да помине со лошиот и евин пи-ар, а да плати само 50 евра. Контрадикторно е што кога Заев на снимките за поткуп бараше „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“, истите не може да бидат користени, а сега премиерот доби казна од 50 евра врз основа на снимка.

Граѓаните во реакциите велат дека е сумптоматично тоа што возеле мотори, кога се цел ден во автомобили, па веројатно намерно ги возеле без кацига за да бидат казнети и со тоа да претстават дека има правда во државава. Исто така симптоматично е тоа што откако зовреа социјалните мрежи и јавноста со реакции за постапката на премиерот Заев и министрите Венко Филипче и Љупчо Николовски им дојде казната за сторен сообраќаен прекршок, значи ли тоа дека ако немаше воопшто реакции од јавноста за лошото сообраќајно поведение на премиерот и неговите придружници ќе изостанеа и казните за сторениот прекршок?

Важно некој истера дневна читаност од ексклузивни вести за експресно испорачаните казни од МВР за премиерот и министрите, а обидот да се потцени јавноста со ваков лош пи-ар останува да е забележана на уште една снимка од Заев во која го крши законот.

Коронавирус