петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 74
home Вести

Заев, Спасовски и Пендаровски не смогнаа сили да се поклонат пред Делчев: Заев напиша статус, граѓаните го направија „попара““

Заев, Спасовски и Пендаровски не смогнаа сили да се поклонат пред Делчев: Заев напиша статус, граѓаните го направија „попара““

Денес Македонија го слави споменот на Гоце Делчев кој својот живот го има дадено за независна и суверена Република Македонија па така речиси целата политичка елита, патриотски здруженија и навивачки групи посетувајќи го неговиот гроб во Скопје или спомен плочи ширум државата оддадоа почит на починатиот великан.

Меѓу нив сепак не се најдoa ниту Зоран Заев,ниту Оливер Спасовски, ниту пак Стево Пендаровски, кои не смогна сили денеска да се поклонат пред Делчев. Зоран Заев денот го одбележа со Фејсбук статус кој не помина толку добро.

Гоце Делчев е обединувачки симбол на македонската независност! Денеска, горди оддаваме чест на 117-годишнината од…

Gepostet von Zoran Zaev am Montag, 4. Mai 2020

Со оглед на новите закани и уцени од страна на Бугарија граѓаните жестоко реагираа на неговиот статус. Бугарија сега бара од Македонија да се откаже од својот јазик и идентитет и меѓудругото да прифати во македонските историски учебници да пишува дека Делчев бил Бугарин.

 

Граѓаните велат брука, дволичност, други пак се уште пожестоки во своите коментари. Пред се на граѓаните се едногласни дека Зоран Заев нема право да говори за ликот и делото на Гоце Делчев

ЕУРО 2020

Македонија