Со говор на телото кој содржи сексуална алузија и навреда лидерот на СДСМ денеска од Прилеп му порача на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека не може да дојде на власт.
Зборувајќи за тоа што го има направен,о а кое што освен Мицкоски според него го признава цел свет, Заев на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача дека се лаже ако мисли дека во април ќе дојде на власт.
Притоа премиерот ја употреби српската фраза „Мало сутра“ која што ја употреби Слободан Милошевиќ во 1991 година кога негираше дека може да дојде до распад на Југославија.
При користењето на изреката на Милошевиќ Заев направи и гестикулација која е алузија на покажување машки полов орган со што на уште пониско ниво го симна и онака ниското ниво на политичка комуникација во земјата.
Употреба на навреди кон политичкиот противник најчесто значи обид на политичари со понизок рејтинг кои имаат слаби аргументи да предизвикаат слични реакции од ривалите со цел да се измести реалната политичка дебата.