четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 200
home Вести

Заев со поддршка за ДУИ во сите општини каде што се натпреварува со опозицијата: Во Кичево ќе го поддржат Фатмир Дехари, наместо Александар Јовановски

Заев со поддршка за ДУИ во сите општини каде што се натпреварува со опозицијата: Во Кичево ќе го поддржат Фатмир Дехари, наместо Александар Јовановски

СДСМ во неколку општини ги поддржа кандидатите за градоначалници на ДУИ, а истото ќе го стори и во вториот изборен круг.

Ја потврдија поддршката за кандидатите на ДУИ во сите општини каде што се натпреварува со опозицијата, па така во Кичево ќе го поддржат Фатмир Дехари, наместо Александар Јовановски.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев отворено порача дека во Чаир, Гостивар, Струга и Кичево, СДСМ ќе ја поддржи ДУИ.

-Во Струга го поддржуваме Рамиз Мерко, во Кичево го поддржуваме Фатмир Дехари, во Гостивар го поддржуваме Невзат Бејта, во Чаир го поддржуваме Висар Гани и обратно во другите општини, како и очекуваме поддршка. Каде се нашите двајца коалициски партнери ДУИ и БЕСА, оставаме граѓаните сами да одлучат, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Коронавирус