вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 133
home Вести

Заев со пари од Телеком си ја награди послушничката Чачарова за партизирање на судството

Во јавноста се коментира дека наградата со место во Телеком очигледно е резултат на партизирањето на судството, кое власта во последниот период засилено го спроведува.
Заев со пари од Телеком си ја награди послушничката Чачарова за партизирање на судството

Премиерот на Република Македонија во својата кампања пред парламентарните избори во декември 2016 година ветуваше департизација на институциите, но место ова ветување граѓаните секојдневно гледаат груба партизација на државата, последен пример е адвокатот Тања Чачарова Илиевска.

Инаку, ова е само уште еден скандал поврзан со работата на Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ, имено на истата позиција претходно самиот себеси се постави генералниот секретар во Владата, Драги Рашковски.

Владата на Република Македонија, на својата 48 седница ја назначи Тања Чачарова Илиевска, во јавноста позната како адвокат на СДСМ и советник на премиерот Заев за правни работи, на позицијата претставник на Владата во Акционерското Собрание на Телеком. Позиција која до досега ја држеше генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Во јавноста се коментира дека наградата со место во Телеком очигледно е резултат на партизирањето на судството, кое власта во последниот период засилено го спроведува.

Чачарова Илиевска како советник на премиерот, имала главна задача, советување во врска со делот од планот 3-6-9 кој се однесува на реформите во судството. Нејзиниот делокруг на работа како што пишува порталот „Сведок“ е и советување во однос на носење на одредени закони.

Како едно од многуте ветувања на власта кое е не е исполнето е просечна плата од 500 евра, но тоа е сумата која Чачорова Илиевска ќе ја добива за секое присуство на седниците на Собранието на акционери на Телеком. Покрај одличниот хонорар, на Чачарова Илиевска и следуваат телефон со неограничен лимит, компјутери и користење на службено возило на нејзино барање.

Чачарова Илиевска, инаку по потекло од Радовиш, првпат и стана позната на пошироката јавност како адвокатот кој го застапуваше СДСМ на пред ДИК за време на предвремените парламентарни избори во декември 2016 година. Чачарова е уште едно партиско решение на место на кое е потребен експерт. Имено таа е дел и од правниот совет на СДСМ.

Рашковски вчера заработи 500 евра од одржана седница на Телеком, продолжува да се крши законот!

На сметката на генералниот секретар на криминогената влада на Зоран Заев, Драги Рашковски, вчера легнаа 32.000 денари од само една одржана седница на Телеком.

Соработникот на Заев не само што немаше грам морал за да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата член на собранието на акционери на Телеком, туку и вчера претседаваше со седницата на Собранието на акционери на Телеком за што зема дневница од 500 евра.

По завршувањето на вчерашниот ангажман, на сметката на Рашковски легнаа 32.000 денари, награда за неморалното и незаконско однесување на генералниот секретар на Владата, бидејќи според член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, генералниот секретар не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал.

За секое присуство на седница на собранието на акционери, во кое Рашковски сам се назначи, тој ќе добива по 500 евра, а му следуваат и службен телефон со неограничен лимит, компјутери, користење на службено возило на негово барање.

Згора на тоа Рашковски упорно молчи за непотизмот што го шири низ државните институции. Не е доволно само повлекувањето на неговата баба, Елена Начевска што се именуваше во второстепената владина комисија и повлекувањето на неговиот кум, адвокатот Дејан Костиќ. Овие лица треба веднаш да ги вратат народните пари кои ги испумпаа од буџетот на Република Македонија. Република Македонија не е ничија приватна сопственост и Рашковски заедно со Заев не можат да се однесуваат кон државата како кон колач кој ќе го поделат неколку фамилии од власта.

„Фокус“: Рашковски се однесувал деспотски на Собранието на Телеком, акционерите обвинуваат

Малцински акционери во „Македонски Телеком“ се изненадени од однесувањето на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, на последното Собрание на акционери со кое тој претседавал, пишува Фокус.мк. Велат дека наспроти досегашната пракса, Рашковски не им дозволил да ги постават своите прашања и активно да се вклучат во дискусијата на собранието.

Малционскиот акционер, Симо Груевски, тврди дека Рашковски му забранил да постави прашање до претставникот на мнозинскиот акционер, „Маѓар Телеком“. Наместо да одговорат повиканите, Рашковски, кој претседавал со седницата, сам одговорил за оценка на досегашните членови на Управниот одбор на „Телеком“, поставени од претходната власт.

-Акционер на „Телеком“ сум уште откако акциите беа пуштени во промет и не сум прескокнал ниту една седница до сега. Однесувањето ме изненади и разочара. Рашковски како да сака да воведе диктатура. Тој очигледно не разбира како функционира Собранието на акционери. Ние не сме таму само за декор – вели Груевски за Фокус.
Иако гласот на малцинските акционери не е одлучувачки, затоа што „Маѓар Телеком“ поседува 51 отсто од акциите, сепак до сега имале право да партиципираат во дискусиите на Собранието каде што редовно го користеле своето право на збор.

-Статутот ми дозволува да учествуваам во Собранието со прашања и коментари затоа што ние сме еден вид коректор, иако не одлучуваме. Не може Рашковски да ми кажува какво прашање смеам, а какво не смеам да поставувам. Никогаш сме немале вакви проблеми за време на претходната власт. Седниците се водеа на многу подемократски начин. Рашковски како да се поистоветува со Владата, откако е поставен за претставник. Зар „Владата-тоа е он“? – прашува Груевски.

На прашањето за претходните членови на управниот одбор, Рашковски на седницата одговорил дека се врши ревизија за нивната досегашна работа и го отфрлил како ирелевантно по што Груевски, вели, демонстративно ја напуштил седницата.

-На првата порака Рашковски ни одговори со прашалници кога го прашавме зошто им го одзел правото на збор на акционерите, а потоа ги негираше обвинувањата, пишува Фокус.

-Сите одлуки беа едногласно изгласани, така да неосновани се обвинувањата – вели тој.

Инаку, Владата го определи него за претставник на акционерскиот дел кој Република Македонија го има во оваа компанија. Одлуката предизвика реакции во јавноста бидејќи беше потпишана од владиниот генерален секретар, односно излегува дека самиот Рашковски се назначил себе за оваа позиција.

Владиниот генерален секретар веќе наиде на неодобрување кај јавноста. Беше обвинет затоа што мајката на неговата сопруга беше поставена за претседател на Комисијата за жалби, а излегоа и информации дека адвокатската канцеларија на неговиот кумашин во првите месеци од новата Владата склучила повеќе договори со државни институции.

СКАНДАЛ: Рашковски се самоназначил за владин преставник на собранието на акционери на Телеком за хонорар 500 евра од седница

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски е новиот владин преставик во собранието на акционери на Телеком и претседател на собранието на акционери.

Тој се самопредложил, а Зоран Заев и владата ја одобриле ваквата одлука.

Од документот кој го објавуваме, на 3 август Владата го овластила Драги Рашковски да присуствува и да биде владин преставник на собранието на акционери на Телеком, а ваквиот документ си го потпишал токму Рашковски. Таквото полномоштво било потпишано и од Зоран Заев.

За секое присуство на седница на собранието на акционери Рашковски ќе добива по 500 евра, а му следуваат и службен телефон со неограничен лимит, компјутери, користење на службено возило на негово барање.

Ова е уште еден конфликт на интереси. Имено Генералниот секретар на владата е и владин преставник на собрание на акционери.

Дополнително, по првите контакти со Телеком, Рашковски за правните работи сакал да го ангажира својот кум адвокатот Дејан Костиќ за правен застапник на Телеком. Инаку истата адвокатска канцеларија на Костиќ е ангажирана и од Рашковски да ги води правните работи на генералниот секретаријат на владата иако Владата поседува свои правни служби.

Коронавирус