сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 62
home Вести

Заев со метла чисти по партија, а крадци оперираат на големо низ улиците на Скопје

Заев со метла чисти по партија, а крадци оперираат на големо низ улиците на Скопје

Крадците низ територијата на Град Скопје земаат се поголем замав. Денес наутро во градскиот автобус 3Б се случи кражба, на еден граѓанин му беше украден паричник. Ова стана секојдневна појава по градските автобуси и по клиниките.

Додека граѓаните се жалат по телевизии, медиуми, и по полициските станици, власта нема слух за тоа што се случува. Дури откако СДСМ дојде на власт се ослободија околу 800 ситни криминалци кои денеска оперираат не само низ улиците на главниот град, очигледно е дека ситните кражби се вршат низ целата територија на Република Македонија.

Граѓаните се чувствуваат се помалку безбедни, а одговорност од надлежните нема, дури ниту од самиот министер за внатрешни работи кој пред неколку дена беше разрешен од партиска функција. А тоа разрешување не им е од полза на граѓаните.

Метлата наместо да го разреши министерот од министерската функција бидејќи тој е едниот од главните виновници кои ги пуштија на слобода ситните крадци за да оперираат низ улиците во државата. Револтираноста од страна на граѓаните кон власта секој ден е се поголема, дури и велат дека метлата на Зоран Заев е една од низа од големите лаги кои ги има кажано. „Метлата на Заев е играчка со која сака да не залаже.

Ако навистина сака да остане премиер треба да го разреши Спасовски, секој ден сме жртви на крадци, а никој не ги пика во затвор“ – рече еден од револтираните граѓани. Изгледа „метлата“ е само лага која ќе биде заборавена, а сите министри ќе си останат на функциите, и ќе останат незадоволни граѓани и катастрофална ситуација во државата.

Коронавирус