понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заев со истрошени и криминални кадри, тим за сигурен пораз на овие избори

Заев со истрошени и криминални кадри, тим за сигурен пораз на овие избори

СДСМ оди на избори со стари и истрошени кадри од времето на транзицијата. Ова е тим за пораз на Зоран Заев во кој нема ниту еден свеж кадар. Ова се сите луѓе на криминалот на Зоран Заев.

Зоран Заев не е човек кој е нов во политиката. Зоран Заев е политичар кој ја рекетираше Струмица по примерот на едно евро за Вицето, едно евро за црквата, сега ја рекетира цела Македонија по истиот принцип.

Зоран Заев е политичарот во чие време и со чие одобрение се случи најголемиот рекетарски скандал во цела Европа. Заев ја овозможи епидемијата на непотизам. Се случија Леонардо и Сар Хемс. Заев е главата на криминалниот октопод.

Радмила Шекеринска е политичар од времето на транзицијата, присутна во политиката уште од 90 – тите. Шекеринска нема што ново да понуди. Шекеринска во политиката значи нови бомбона бизниси на штета на државата, десетина стана стекнати на сомнителен начин, тендери за набавка на возила два пати поскапи од реалната пазарна цена.

Шекеринска е симбол на едно мрачно минато, кое граѓаните не сакаат да се врати.

Никола Димитров е човекот кој со свиткана кичма ја кршеше кичмата на македонецот. Тој е син на Димитар Димитров, човекот кој што го колнеше оној кој ќе го смени името на државата, со клетвата да му се исуши раката, за на крај тој човек да биде неговиот син. Човек кој е на печалба во партиите.

Мила Царовска е синоним за негрижа. Иако Царовска беше 3 години министер за труд и социјална политика стотици луѓе беа по улиците, просеа и не им беше решен статусот. Наместо грижа за граѓаните, таа се грижеше за тендерите на нејзиниот партнер. Згора на се над 10000 луѓе остави без надоместок за туѓа нега.

Оливер Спасовски не е ново лице. Оливер Спасовски е главниот лик во спрегата со криминалот и СДСМ.

Оливер Спасовски го овозможи бизнисот со возачките испитни центри за луѓето на Заев, тој ја направи сомнителната набавка на полициски возила во вредност од 1 милион евра, тој е министер за внатрешни со нула реализација. Како министер не заплени ниту еден грам кокаин, а пушти на слобода докажани криминалци. Во негово време се случи ослободување на убијците на децата во Смилковско езеро, се пушти на слобода убиецот на Мартин Нешкоски.

СДСМ МВР. На листа на СДСМ е и Славјанка Петровска, која на избори ќе оди и како кандидат за пратеник и како заменик министер за внатрешни работи.

Ќе веше вистински чудно доколку на листите не беше и Панчо Минов како и Зекир Рамчиловиќ со кој Заев ги донесе срамните уставни измени што уште еднаш докажа дека седи зад пазарењето и уценувањето пратеници.

СДСМ создаде тим за пораз. СДСМ има екипа за во опозиција. Тим кој не носи назад, а не напред.

Неколкумина кој одбраа како фриленсери да одработуваат за него, Заев ги прибра и неуспешните поранешни кадри на ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри.

Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени.

Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката.

ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ НА ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус