недела, 18. април 2021. Вести денес: 91
home Вести

Заев со бришењето на црвените линии потврди дека ќе го прифати секое грчко барање

Заев со бришењето на црвените линии потврди дека ќе го прифати секое грчко барање

Јавноста остана фрапирана од последното интервју на премиерор Зоран Заев, за грчката телевизија Алфа, во кое тој јасно кажува дека под негово водство Република Македонија нема црвени линии за решавање на името, со што практично навести дека тој е спремен да го прифати секое грчко барање, без разлика за последиците од тоа за државата.

– Ако зборуваме за некој црвени линии или црвени граници, јас не би го користел тоа како можност заради тоа што тоа ќе биде пречка да се изнајде решение. Јас би сакал да користам одредени други методи, да црвената линија буквално биде таа светликавата линија, која што во мрачниот пат ќе не води кон решението на проблемот, изјави Заев во интервјуто за грчката Алфа.

По интервјуто на Заев, прв со реакција на социјалните мрежи излезе професорот Љубомир Цуцуловски, кој во негово филозофски стил даде осврт на ситуацијата. Имено Цуцуловски во ироничен стил ги потенцира непознавањата на Заев, но и леснотијата со која тој лицитира со државното име.

Сфаќал колку било важно за грчките граѓани овој проблем да биде решен!!! Овој НИШТО не разбрал, ама си мисли дека вака шармира некого. (Всушност, Грците мора да се пресреќни.) Потоа признава дека е (политички и национален) далтонист: тој немал црвени линии (што ни е добро познато), а црвената линија била светликавата што во мрачниот пат ќе не’ води кон решение на проблемот! – Напиша професорката Ванковска на својот фејсбук профил, по интервјуто на Заев.

Димитар апасиев, еден од фронтмените на  партијата Левица на социјаалните мрежи напиша дека секое име кое власта ќе сака да го протне е антиуставно и како такво прво ќе мора да помине на референдум.

– Да се обезличи Македонскиот народ и да ја згаснат и искрата оган што тлее во него. Да ја убијат и традицијата, и верата, нацијата, јазикот, културата. Се! На Грците ќе им го дадеме името и идентитетот; на Бугарите јазикот и црквата, пишува Стевчо Јакимовски, лидерот на ГРОМ, во својата најнова колумна.

Немањето на црвени линии во врска со преговорите за името е опасно по државата и нејзиниот национален интерес. Особено во време во кое од сите страни доаѓаат предлози за името. Предлози во кои во голем дел не фигурира ни самото име Македонија, како едно од таквите имиња е Централно Балканска Република, како можно име за нашата држава.

Коронавирус