среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 158
home Вести

Заев си ја ишка мувата од капата – Аферата со прислушкувањето се вплеткува премиерот контра Верушевски ја трга вината од себе

Заев си ја ишка мувата од капата – Аферата со прислушкувањето се вплеткува премиерот контра Верушевски ја трга вината од себе

Премиерот Зоран Заев, кој денеска беше сведок во случајот со прислушкувањето наречен Таргет Тврдина, повторно со своите изјави ја збунува јавноста. Тој спротивно од сведоштвото на Верушевски вели дека Верушевски ги носел материјалите во СДСМ и дека тој од него бил запознаен за случајот, спротивно на тоа Верушевски сведочеше дека материјалите се носени од Костовски и Лазаревски во партијата, а тој тоа го дознал од Црвенковски и Заев.

– Како претседател на СДСМ, Зоран Верушевски ме информираше дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите, кажа Заев на денешното рочиште. Спротивно на тоа Верушевски на неговото сведочење кажа дека документацијата, од свиркачите Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски завршувале во СДСМ а не кај него и на негово име и презиме. Со целата документација управувале партиските претседатели, односно тие носеле стратешки одлуки како понатаму.

Увид прво имал Црвенковски додека бил лидер а потоа и Заев. Верушевски како надлежен за безбедносната политика во СДСМ ги анализирал. До апсењето во 2015 имал контрола на материјалите, но за потоа не гаранитра. Заев уште дополнил дека не знаел дека материјалите стигаат преку Костовски и Лазаревски. Очигледно има разидување во исказите на Заев и Верушевски. Нејасно е кој кого штити и што се крие!?

Дали Зоран Заев ја отфрла вината од себе и сака да се огради дека воопшто имал допир со прислушлкуваните разговори во текот на нивното прибирање и оргаанизирање.

Коронавирус