вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заев сепак го укинува предметот историја, го нема во наставните планови

Заев сепак го укинува предметот историја, го нема во наставните планови

Просветните работници веќе неколку денови коментираат за идејата која излезе во јавноста во однос на бришењето на предметот историја од образовниот процес во Република Македонија, што за поголем дел од фелата е несфатлив потег и не заслужува поддршка.

Наставниците, професорите, но и студентите по историја сметаат дека доколку се дозволи бришење на предметот историја, тоа ќе биде свесен пораз кој Република Македонија ќе го дозволи поради барањата на соседните земји, конкретно Бугарија. Исто така тие велат дека од историските факти нема бегање, односно дека работите кои биле запишани низ годините наназад, а укажувале на нечие угнетување и окупирање, не можат да се избришат само со тоа што ќе се ликвидира предметот историја, бидејќи реалните факти остануваат за навек.

Овие неколку денови актуелна е и изработката на програмата за наредната учебна година, односно програмата за 2021 година, која што изминатиот период претрпуваше одредени измени поради вметнувањето на некои предмети, но истата не е конкретизирана.

Просветните работници велат дека за останатите интегрирани предмети веќе е изработен план на реализација и бројот на часови, додека пак за предметот историја сеуште нема никакви информации, односно истиот го нема во планот за изучување за 2021 година.

Македонската јавност прашува дали молкот од страна на Владата и министерката Царовска на крајот задкулисно ќе значи и дефинитивно бришење на предметот историја и изменување на образовниот систем во државата кој не памети дека некогаш бил без да се изучува предметот историја?!

Нејаснотиите одат до таму што граѓаните на Република Македонија, без оглед на нивната етничка или верска припадност, сметаат дека историјата е предмет кој не ги изменува историските факти и тие треба да се изучуваат такви какви што се, колку и да е вистината за некого добра или не. Исто така, незадоволните граѓаните велат дека нивните деца заслужуваат и треба да ја изучуваат историјата на Република Македонија онаква каква што е, односно онаква каква што ја изучувале самите тие, па и нивните предци.

Ваквото однесување од страна на Зоран Заев, Владата и Царовска само укажуваат на поразителниот факт дека се спремни да ја избришат историјата на сопствената држава, само за да угодат на политичарите од соседството со кои се повеќе е јасно дека покрај дипломатските односи, учествуваат и во матни бизнис зделки. (МИА)

Коронавирус