вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 112
home Вести

Заев се смееше додека гореа сликите од Иванов, Адеми тврдеше дека без крв на улици не се добива слобода

Заев се смееше додека гореа сликите од Иванов, Адеми тврдеше дека без крв на улици не се добива слобода

По повод запалените картони со слики на премиерот Зоран Заев и министерката Радмила Шекеринска, реагираа и СДСМ и Владата на Република Македонија. Според портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, познат по трагикомичните конструкции во кои за се го обвинува ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски, опозицијата е виновна и за инцидентот во Мелбурн:

„Последен пример за тоа е палењето на сликите на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Австралија. ВМРО-ДПМНЕ и нивната реторика се директни поттикнувачи на вакви срамни инциденти.“ Тој додава и дека ВМРО-ДПМНЕ му наликувало се повеќе на грчката партија Златна Зора. Ако е така, веројатно ова „подзаборавено“ видео ќе е причина на Костадинов неговиот лидер Заев да му наликува на Златен Зоран – или поверојатно, и за смеењето на премиерот додека гори сликата на Претседател на држава е исто така виновно ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми, пак, на својот фесјбук профил се огласи во името на Владата на Република Македонија:

За него палењето слики е срамно дејствие, иако во времето кога се палеа фотографии од Иванов, Адеми не го оцени како такво. Дополнително, според Адеми, говорот на омраза бил одлика на едно минато и напуштено време и кое е неприфатливо за домашните и глобалните демократски стандарди.

„Говорот на омраза поттикнува насилство, а сите кои потпалуваат нетрпение и конфликти треба да одговараат пред надлежните институции.“

Истиот Едмонд Адеми пред неколку години го напиша ова:

„Дур не се пролее крв по улиците, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува“

Веројатно за Адеми неговиот говор на омраза и поттикнување на „крв по улиците“ не поттикнува конфликт и не треба за истиот да се одговара пред надлежните институции. Дотолку повеќе што во неговиот случај, неговиот говор на омраза го квалификуваше за министер во владата на премиерот кој се смееше додека гореа слики на претседателот Иванов.

А денес и СДСМ и Владата „продаваат морал“, надевајќи се дека народот заборава и не гледа се што правеле и прават.