четврток, 22. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заев се слушаше во суд: Како завршиле парите од „Рекет“ кај него?

Заев се слушаше во суд: Како завршиле парите од „Рекет“ кај него?

Зоран Заев денеска на судско рочиште против Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во суд се слушаше како Бојан Јовановски кажува дека парите од аферата „Рекет“ завршиле кај него и кај брат му Вице Заев.

Дека парите од аферата „Рекет“ завршиле кај Зоран Заев кажа Бојан Јовановски – Боки 13 во судница, во текот на процес против него. Откако Јовановски кажа дека парите од „Рекет“ треба да се бараат кај Зоран и Вице Заев веднаш имаше обид од полицијата тој да биде изнесен од судница.

По оваа изјава и обвинување од Јовановски, против Заев не е отпочната истрага, ниту пак е повикан во ЈО.

Бојан Јовановски е човекот кој ја носеше ташната со пари и има најголем кредибилитет да каже каде истата ја однел, но тоа не беше доволно за ЈО да отвори постапка против Заев.

Коронавирус