среда, 21. април 2021. Вести денес: 170
home Вести

Заев се прекомбинира: Се распаѓа неговата коалиција, рејтингот во негатива

Заев се прекомбинира: Се распаѓа неговата коалиција, рејтингот во негатива

Премиерот Зоран Заев за првпат во интервју за „Слободен Печат“ ја отвори можноста за формирање на Влада на Национален спас во која би влегла и опозицијата. Со ваквиот предлог Заев признава дека нема стабилно парламентарно мнозинство во Собранието и го прифаќа предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски за широка техничка Влада.

-Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот, истакна во интервјуто премиерот Зоран Заев.

После ваквата „фрлена“ ракавица од страна на премиерот, може да се заклучи дека Заев го нема стабилното мнозинство во Собранието, а гласањето на доверба на Владата во средата всушност била фарса и манипулирање со јавноста.

Заев после изгласаната доверба на владата рече дека расте и неговата одговорност да се одблокира Парламентот, по законски основи, по пат на Деловник и по пат на разговори, а еден ден потоа го немаше тоа парлементарно мнозинство за непречена работа на Собранието.

Кога предлогот за Техничка Влада во која тој ќе го бира лидерот на опозицијата,  дојде лично од премиерот Зоран Заев, стана сосема јасно дека се надева и цели кон предлог за амнестија за криминалот.

Неговата цел е очигледна – на чело на опозицијата да дојде некој како Никола Тодоров или Митко Јанчев и да создаде свој контролиран партнер.

Коалицијата се распаѓа

Оваа идеја, очигледно, му се допадна само на Зоран Заев бидејќи неговите коалициони партнери истата ја одбија.

Од ДУИ   велат  дека опозицијата треба да биде коректив на власта и секоја една демократска земја мора и треба да има опозиција

-Опозицијата ги дава своите забелешки, дури и ако не се на место, бидејќи тоа е улогата на опозицијата, не само кај нас, туку и во сите напредни земји  велат од ДУИ.

ДУИ во моментов има и поголеми проблеми од овие.

Пратеникот Изет Меџити се повлече од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ.

-Различното мислење е повеќе од здраво за едно демократско општество, а силата на гласот на мнозинство гласачи е главната одредница за концептуалноста на демократијата на сите нивоа. Од оваа причина, стоејќи достоинствено зад овие принципи, останувајќи силно зад личните ставови, досега често изразени во јавноста, дека во политичкиот субјект на кој припаѓам од првите денови на нејзиното основање, се развиваат случувања што на никаков начин не може да одат во прилог на најголемата политичка сила на Албанците на РСМ и што е уште поважно, ни во прилог на неприкосновениот лидер на Албанците, претседавачот г. Али Ахмети, но и поради несоздавање забуна ниту кај еден мој колега во Собранието, а од друга страна, со намера да дадам поширок простор на мојата интенција за подостоинствена елаборација на позицијата зад која силно стојам, Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ, се наведува во неговото соопштение.

Павле Трајанов од Демократски сојуз ќе дејствува независно во Собранието. Пратеникот ќе го следи примерот на двајцата пратеници од ЛДП, кои исто така се одвоија од коалицијата „Можеме“ како пратеничка група, иако се дел од владеачкото мнозинство.

-Наместо јалови расправии, сметаме дека Владата мора посветено да работи на ефикасна борба против пандемијата (посебно набавка на вакцини), деблокада на евроинтеграциите, реформи на судскиот систем и декриминализација, стабилност на државата и економскиот развој, се наведува во партиското соопштение на ДС.

Заев мораше да се правда дека му е стабилно парламентарното мнозинство, по излегувањето на пратениците од ЛДП од владејачката коалиција, иако одлуката да настапуваат самостојно ја смета за удар кон СДСМ, бидејќи моментот не бил баш погоден за тоа.

Самостоен настап во парламентот остварија и четворицата пратеници на БЕСА иако официјално се во коалиција со СДСМ.

Рејтингот во негатива

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 1 и 4 март 2021 на 1109 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Според резултатите, најголема поддршка кај граѓаните ужива ВМРО-ДПМНЕ, а рејтингот на СДСМ паѓа.

 

 

Коронавирус