сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заев се потпира на преседани кои само нему му одговараат

Заев се потпира на преседани кои само нему му одговараат

Откако во јавноста излезе името на полковникот Драган Ковачки, како предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи, од владејачката партија предводена од Зоран Заев се појавија коментари дека според Уставот, Ковачки, како воено лице, не може да биде министер, со што се создава впечаток кај јавноста дека актуелната власт бега од избори.

Како аргументација за неуставноста на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, министерката за правда во Владата во заминување на Зоран Заев, Рената Дескоска, се повика на членот 97 од Уставот, па не можејќи да најдат црна дамка во кариерата на предложениот кадар актуелната власт влегува во правни толкувања и ја презема улогата на уставен судија.

Сепак, при своите коментари, Дескоска заборава дека не реагирала за истиот принцип при именувањето на заменикот на Радмила Шекеринска во министерството за одбрана, Беким Максути, кој пред да стапи на функција бил потполковник.

Претходно Министер за внатрешни работи беше и Силјан Аврамовски кој дојде од редовите на МВР како и Славјанка Петровска која СДСМ ја предлага за заменик министер во МВР, а доаѓаод структурата на полицијата.

Аврамовски од 2002 беше на функцијата помошник-началник на Втората управа за спротивставување на меѓународен и внатрешен тероризам во Службата за државна безбедност, а по оваа функција тој станал Началник на Управата за контраразузнавање во ДБК,како и помошник Директор за оперативни работи на Управа за безбедност и контраразузнавање.По повеќегодишна работа и напредување во ДБК и УБК, од 3 февруари 2003 Аврамовски ја вршел и функцијата Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Од 2 јуни 2004 до 17 декември 2004, Аврамовски бил Министер за внатрешни работи на Македонија.

Силјановска: Уставот не дозволува воено лице на чело на МВР, но преседани имало

Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова во изјава за ТВ Сител, потенцира дека Уставот не дозволува воено лице на чело на МВР, но имало преседани.

-Нашиот Устав е напишан во духот на т.н. цивилна контрола на безбедносните служби и според него со МВР и Министерството за одбрана може да раководи само цивилно лице, а доколку се работи за субјект кој претходно имал функција во полицијата или во одбраната, потребно е да поминат најмалку 3 години за да може тој да биде министер за внатрешни работи или за одбрана, така вели членот 97, рече Силјановска и додаде:

„Има држави како Турција или Руската Федерација, Азербејџан каде што и воени лица може да бидат на чело на министерство за одбрана, но она што сакам да го потенцирам е дека ова не е преседан, туку е еден во серијата на преседаните. Некогаш беше министер за внатрешни работи Силјан Аврамовски, значи на него не се примени членот 97, истото важи и за министерот Митко Чавков, а во моментов истото важи и за заменик-министерот за одбрана Беким Максути“.

Коронавирус