сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Заев се пофали дека казнувањето на фирмите ќе се зголеми

Заев се пофали дека казнувањето на фирмите ќе се зголеми

Премиерот Зоран Заев вчера се пофали дека не само што казните кон фирмите нема да се намалат, туку ќе се зголемат контролите и ќе се интензивира казнувањето во наредниот период.

На одговор на новинарско прашање при промовирање на мерките од четвртиот пакет, вчера на прес конференцијата премиерот Зоран Заев истакна:

„Казните и санкциите ќе продолжат во иднина, немаме намера да ги намалуваме казните, имаме намера да ја интензивираме казнената политика“.

Тој додаде дека надлежните институции и инспекторатите ќе бидат доекипираани со кадар и истакна дека ако се прави соодветна контрола на одредени угостителски објекти, од тоа Владата подоцна развива мерки.

Од ова произлегува дека очигледно казнувањето е нужно за Владата да создаде мерки кои треба наспроти казните, да им помогнат на фирмите да излезат од кризата. Вака изгледа дека Владата ќе казнува за да собере пари за да реализира мерки кои првично најави дека ќе чинат 350 милиони евра, а во последен момент мерките рипнаа на 470 милиони евра.

Коронавирус