четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Заев се откажува од македонското малцинство, а Бугарија се погласно бара Бугари во Македонија

Заев се откажува од македонското малцинство, а Бугарија се погласно бара Бугари во Македонија

Додека премиерот на Македонија, Зоран Заев, кому една од основните задолженија му е да ги штити македонските интереси, а тој на дневна основа ги распродава државните интереси и тргува со македонскиот идентитет, јазик и историја, бугарските претставници се погласно бараат разни, идентитетски отстапки.

И додека нашиот премиер распродава се што е македонско, покрај целиот бугарски државен врв, кој жестоко и едногласно се бори и брани нивните интереси, денеска со јави и поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев со анализа за македонско-бугарските односи. Тој вели дека во Македонија треба да се направи попис за да се види колку Бугари има во државата.

Од друга страна, Бугарија освен што бара бугарско малцинство во Македонија, го негира и македонското малцинство. Имено, премиерот Бојко Борисов вели дека за македонско малцинство во Бугарија првпат слушнал од неодамнешната резолуцијата на Европскиот парламент, кој вели дека кај нив нема Македонци.

Со последното интервју, кое минатата недела Заев го даде за бугарската БГНЕС во кое, меѓу другото, Заев јасно кажа дека е подготвен да потпише договор со Бугари со кој се откажува од македонското малцинство во Бугарија, предизвика лавина од реакции во македонската јавност.

Ова интервју ја Заев ја крена и опозицијата на нозе, при што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно излегува на протест во одбрана на македонските интереси која што добива огромна поддршка од македонските граѓани.

Покрај протестите кои беа организирани минатата недела, денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови низ Македонија.

-Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди и нема назад. Срамот на Зоран Заев не е заеднички. Да не дозволиме Зоран Заев да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата. „Време е граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар да се обединат против злото наречено Зоран Заев. Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот, посочуваат од партијата.

Правниот застапник на Македонците во Бугарија, адвокатот Тони Менкиноски вели дека малцинските права во Македонија служат за пример во целиот свет и многу меѓународни институции биле заинтересирани за примерот на Македонија за почитување на малцинствата. Според него македонското малцинство во Бугарија е внатрешен проблем на Бугарија и никој никаде не може да се откаже од правата на македонците во Бугарија со билатерален договор.

Најнови вести

Коронавирус