вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 144
home Вести

Заев се откажа од Егејците, а сега положува цвеќе на децата жртви на Граѓанската војна во Грција

Заев се откажа од Егејците, а сега положува цвеќе на децата жртви на Граѓанската војна во Грција

Да се откажеш од македонско малцинство во Грција, а потоа да положиш цвеќе и да држиш говор пред споменик посветен на децата бегалци од Егејска Македонија, тоа го може само премиерот Зоран Заев.

Денеска во паркот „Жена борец“ пред Споменикот посветен на децата бегалци – жртви на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, се одбележува 71 година од завршување на Граѓанската војна, а дел од манифестацијата е и обраќањето на премиерот Заев.

Лицемерие е можеби премногу благ збор да се опише ваквиот однос кон Македонците во Грција кои со децении се угнетувани, асимилирани и на кои им е забрането да си ги бараат основни човекови права, а сега не добиваат помош и од матичната земја која се откажа од нив.

Имено, со Преспанскиот договор кој го донесе владата предводена од СДСМ и премиерот Заев, се донесе одредба дека Македонци во Грција нема и дека таа определба сега е дозволена само за Грците од тој крај, односно во тој договор се се содржи прашањето за македонското малцинство во Грција.

Со Членот 4, став 3 од тој договор Македонија не смее да се меша во заштита на статусот и правата на македонското население од Грција, бидејќи тие не се нејзини граѓани и со тоа се прифати дека истите претставуваат прашање исклучиво на Грција.

Дека тоа е така потврди и потписникот на Преспанскиот договор, министерот Никола Димитров кој на 2 март 2019 во интервју за грчката „Скаи“ за постоењето на македонско малцинство во Грција е посочи дека тоа е грчка внатрешна работа и предмет на грчка дебата.

Истото беше истакнато претходно и со двајцата претставници на грчката страна кои учествуваа во креирање на договорот и негово потпишување, екс премиерот на Грција, Ципрас кој на 12 јуни 2018 година рече дека термините за македонското малцинство се елиминираат, како и потребата за нивна заштита, но и екс МНР на Грција, Коѕијас кој на 22 јуни 2018 година потврди дека Договорот го забранува тоа, односно дека забранета е дискусија за постоење на македонското малцинство во Грција.

Коронавирус