сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заев се надева на решение за името до средината на годината

Заев се надева на решение за името до средината на годината

Премиерот Зоран Заев очекува до средината на годината да се најде решение за 25-годишниот спор за името со Грција и на Самитот на НАТО во јуни да биде активирана поканата за членство на Република Македонија.

Во изјава за бугарската телевизија „Нова“, Заев вели дека евентуалното решение ќе треба да биде одобрено на референдум.

-Референдумот треба да биде дополнителна гаранција и за нашите пријатели од Република Грција бидејќи со тоа дефинитивно ќе се тргнат сите сомнежи, а народот ќе стои зад решението кое ќе биде прифатено. Убеден сум дека Македонците се подготвени за тоа. Но, се уште сме во преговори и се надевам дека решението ќе го сочува достоинството на граѓаните и на Грција и на Република Македонија, потенцира Заев.

Коронавирус