понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 67
home Вести

Заев се гордее со состојбата и криминалот во која се наоѓа Македонија!

Заев се гордее со состојбата и криминалот во која се наоѓа Македонија!

На крајот од дуелот помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев соговорниците имаа право да си постават по едно прашање. Мицкоски ја искористи оваа прилика да му ги посочи на Зоран Заев сите негативни појави во Македонија од денот кога Зоран Заев седна на премиерската фотелја, по што го запраша дали со оглед на катастрофалната состојба во кои се наоѓа државата го запраша дали спие мирно.

-Еве помина сето ова ја обесчестивте македонската држава, македонската нација, го сменивте името, го сменивте идентитетот, криминалот цути имаме многу неразјаснети, нерасчистени убиства во државата. Имаме и изјави кои се менувале со тек на времето, дали господинот Заев како премиер мирна совест има кога си легнува навечер, запраша Мицкоски.

Откако Зоран Заев се обидуваше да го избегне одговорот на прашањето дали му е мирна совеста, Мицкоски го запраша повторно, дали му е мирна совеста со оглед на тоа што се се случува во Македонија. На што Зоран Заев одговори дека се гордее на сите негативни и појави и погубни политики кои ги има во Македонија од денот кога тој стана премиер на Македонија.

Најнови вести

Коронавирус