сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заев: СДСМ во втор круг влегува во 36 општини плус Градот Скопје

Заев: СДСМ во втор круг влегува во 36 општини плус Градот Скопје

СДСМ и коалицијата победуваат во прв круг или имаат сериозно водство пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини и секако во Град Скопје, изјави синоќа на прес-конференција премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Тој додаде дека во општините каде што има втор круг, кандидатите на СДСМ и коалицијата имаат загубено голем број на гласови кај коалиционите партнери кои во првиот круг настапуваа самостојно.

-Коалицијата на прогресот добива сериозна поддршка во вториот круг. СДСМ влегува во втор круг во 36 општини плус Градот Скопје. Влегуваме в борба за конечна победа во сите преостанати општини. Убеден сум дека на крајот СДСМ и Коалицијата ќе имаат градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната Коалиција, рече Заев.

Според Заев, СДСМ победи и победува во Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Пробиштип, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар, Маврово-Ростуше, Чашка, Росоман, Старо Нагоричане, Лозово, Конче, Арачиново, Дебарца, Долнени, Куманово и Скопје.

Вели дека вториот круг ќе го одреди правецот по кој ќе се движи политичката сцена, но сепак е убеден дека СДСМ ќе ја задржи доминацијата во повеќе општини.

Коронавирус