недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 32
home Вести

„Заев самиот си кажа дека имало провладин медиум кој бил воден од рекетари кои ги гледаме со торби со пари“

„Заев самиот си кажа дека имало провладин медиум кој бил воден од рекетари кои ги гледаме со торби со пари“

Премиерот Зоран Заев на една изјава вели дека провладиниот тогаш се уште жив 1ТВ кој што беше некако поврзан со осомничениот за сторен криминал Бојан Јовановски самиот тој го кажувал тоа, не го кажувам јас. И сега тој истиот го гледаме со куфер Луј Витон во рацете  и тој заедно со него како вршел изнуди и рекетирање на бизнисмени во државата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на емисијата на порталот Слободен Печат.

Мицкоски потенцирашедека криминалниот октопод не завршува до првоосомничениот во случајот Рекет.

И вие сега сакате да ми кажете дека криминалниот октопод завршува до Бојан Јовановски? Не, посочи Мицкоски и додаде дека изјавувајќи дека институциите треба да се насочат кон целосно откривање на главата на октоподот, бидејќи додека тоа не го правиме тогаш Македонија ќе биде само во чекалната на Европската Унија

Се додека ние не бидеме самите свесни дека треба на октоподот во глава да му се насочиме, ние до тогаш ќе седиме и ќе си бидеме во чекалната, кажа Мицкоски.