сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заев сам се препозна во епитетот “предавник“!

Заев сам се препозна во епитетот “предавник“!

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски со цитати и метафори од нашите познати дејци и револуцинери говореше за предавствата врз македонскиот народ.  

Иако Јовановски говореше метафорички, сепак премиерот Заев се пронајде во неговиот говор и настапи со крајно недоличен и понижувачки речник против Јовановски, непознат до сега во собраниската практика.

Јовановски притоа го искористи своето право да му постави прашања на премиерот Заев околу промената на името и Уставот. 

– Кога се колневте во вашите предци и кога тврдевте дека нема да со смените името и уставот на оваа држава што мислевте ? Според кое право со оваа т.н спогодба вие превземавте за било кој иден парламентарен состав да не може да додаде ништо во врска со ова што сте го пишале. Во основа на која научна мисла сте запишале дека не постои никаква поврзаност во делот на историјата, културата и наследството помеѓу луѓето од Северниот дел на јужниот наш сосед, рече Јовановски. 

Во останатиот дел од своето излагање, Јовановски додае дека Европа не прифаќа и не прима луѓе и држави кои имаат 0.1% БДП и имаат неколку милијарди евра долг.

Притоа Јовановски ја посочи изјавата на Европратеникот Ковачев кој има изјавено ако Македонија не ја смени историјата нема да добие датум за преговори.

Коронавирус