По дводневната драма која се случуваше во Македонија, а во врска со бегството на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, синоќа ја прес-конференција проговори и премиерот Зоран Заев.
Тој се трудеше да ги убеди медиумите и граѓаните дека системот функционира и успешно се справил со ситуацијата.
Во получасовното оправдување пред јавноста дека Мијалков сам се предал затоа што бил уценет, до убедување дека нема никаков договор со него и дека петок ќе го покаже тоа, Заев повторно подвлече дека го контролирал судството.
-Отворено зборувам секој пат, слабостите во постапките се школо за самите институции и за нас како политичари кои управуваме со Влада, Јавно обвинителство, правосудство и слично, истакна Заев.