сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Заев: Сакавме да им станеме браќа на Бугарите, но тие сакаат да ни бидат татковци

Заев: Сакавме да им станеме браќа на Бугарите, но тие сакаат да ни бидат татковци

Со Договорот што го потпишавме со Бугарија сакавме да станеме браќа, и ние тргнавме да градиме атмосфера за да станеме браќа, бидејќи така се вика најновото пријателство, но на крајот, сепак, Бугарите посакаа да ни станат татковци наместо браќа, рече премиерот Зоран Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

– Јас многу често сум употребувал мој наратив заради искрената потреба да имаме одлична соработка и пријателство со Бугарија, но наеднаш тие решија да ни станат татковци. И тука е проблемот. Обидувајќи се да градите братство, наеднаш нашите соседи решија да ни бидат татковци. А тоа не е така. Сите ние ние имаме своја национална посебност, национални корени, чест и достоинство, а никогаш во светот не се преговара за идентитет и за јазик – рече Заев.

Коронавирус