четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 184
home Вести

„Заев сака закон за обвинителство за да се спаси од одговорност“

„Заев сака закон за обвинителство за да се спаси од одговорност“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Прес24 вели дека Она што СДСМ сака да го направи со новиот Закон за Јавно обвинителство е да обезбеди контрола врз обвинителството за да си обезбеди неформална амнестија за криминалите за кој ќе одговараат.

-Забелешките кои ги имаше ВМРО-ДПМНЕ за овој закон ги потврдија и експертите и целокупната реномирана правна фела. Она што СДСМ сака да го направи од овој закон е да обезбеди контрола врз обвинителството за да си обезбеди неформална амнестија за криминалите за кој ќе одговараат. Нека бидат искрени и да кажат дека законот за обвинителство го носат за амнестија на Заев. Тие сакаат и понатаму да постои една Рускоска која ќе обвинува на повик од Заев, Јовевски кој ќе заштитува и Кацарска која ќе суди. Па токму за неа гледаме како сведочат дека ургирала за предмети, за судијката Дика како има обвинувања дека перела пари и за целокупната останата болумента на Заев во судството која е корумпирана до гуша.  Овој закон на СДСМ е да се продолжи уривањето на правниот систем кој сака да го прави Заев. Е тоа нема да помине. Законот е проитвуставен, во спротивност со кривичниот закон, не обезбедува борба против корупцијата, туку заштита на криминалот, и ќе значи само продолжување на легализираниот криминал на СЈО во формата на ОЈО. Нашите црвени линии се закон кој е во согласност со Уставот, применлив и ќе обезбеди незавинсост на обвинителството и непристрасна борба против криминалот. Ако се на ова подготвени СДСМ може да се изгласа законот веднаш, вели Мицкоски.

Целото интервју на Мицкоски можете да го прочитате ТУКА.

Коронавирус