среда, 18. септември 2019. Вести денес: 74
home Вести

Заев сака како индиго да го преслика СЈО во ЈО

Заев сака како индиго да го преслика СЈО во ЈО

Преговарачкиот тим на СДСМ инсистира да се спасат сите вработени во СЈО, не само обвинителите, кои би преминале директно во новото обвинителство. овој предлог за опозицијата е неприфатлив имајќи предвид дека станува збор за компромитирани кадри, вработувани по партиски клуч и по роднински и пријтелски врски со обвинители во СЈО и луѓе блиски до врвот на СДСМ.

Од СЈО во соопштението, изразуваат загриженост поради фактот што се уште не е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Катица Јанева, ниту пак е донесено ново законско решение со кое што ќе се регулира статусот на ова Јавно обвинителство.

-Потсетуваме дека мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата. Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството, се вели во соопштението на СЈО.