Оваа корона-криза може да ја има и во август, и во јули, и во септември. Бројките може да бидат вакви до крајот на годината.
Ова го истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев во ден кога имаме рекорден број на заразени и голем број на жртви од коронавирус.
Политичарот кој гази преку се само за брзо да се одржат избори и убедува дека состојбата се враќа во нормала, изјавува дека бројките може да бидат вакви до крајот на годината!
-Очекувам 900.000 гласачи да излезат на изборите. Можеби некои ќе објават на фејсбук статус да искажат свое мислење, но се повозрасни и нема овој пат да излезат на гласање. Јас и кога зборував со Вархеј кажав: Поминуваме по 2 саати во ресторан или кафич, во маркет, пазар и слично. Тогаш во една ваква ситуација можеме 3 до 5 минути да одиме на гласање. Од тоа ни зависи иднината на државата, стабилноста на економијата, но и подготвеноста за борба против коронавирусот. Ние немаме Собрание, немаме политичка Влада која ќе има одговорност. Имаме политичко препукување кое може да носи само штета, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ21 во емисијата Click Plus.
Само денес имаме 175 новозаразени и 5 жртви. За една недела бројката на заразени е над 1000 лица, а застрашувачки е и бројот на починати лица. Екс-премиерот Заев сакајќи да претстави слика дека избори може да има, ја откри страшната вистина дека со ваква ситуација Македонија може да се соочува до крајот на годината!
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на починати е 169, а Заев јавно истакнува дека бројките можат да бидат вакви до крајот на годината.
Заев со ова призна дека со коронавирусот во Македонија неговиот кадар не се справи добро! Министерот за здравство Венко Филипче е поставен лично од него, под нив е и Комисијата за заразни болести.
Македонија се соочува со застрашувачки бројки, граѓаните стравуваат за своето здравје, коронавирусот зема жртви…. А Заев знае дека сите сме во ризик и можно е да бидеме до крајот на годинава, но единствена негова цел е брзо корона избори!