петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Заев сака да заборавите дека 5 години е на власт и дека 3 пати вика дека ја разбрал пораката, за пак да продолжи по старо“

„Заев сака да заборавите дека 5 години е на власт и дека 3 пати вика дека ја разбрал пораката, за пак да продолжи по старо“

СДСМ и Заев до вчера ни влеа дека се најдобри. Народот им покажа дека се најлоши. До вчера не убедуваа дека победиле, на изборите кои ги загубија, а сега се премислија и велат да се обединиме за да одиме напред. И не застануваат со ароганцијата, и велат само со Заев можело напред. Ќе ви кажам нешто, нема напред со него. Со него има само напред на скалата на корумпираност, таму сме навистина највисоко во Европа. Има напред само по скалата на смртност поради ковид кризата, таму смe први во Европа. Со Заев има напред само по најмал процент на странски инвестиции, таму сме најслаби. Има напред по степен на функционалноста на институциите, и напред во инфлацијата која го јаде домашниот буџет. Со Заев нема ниту ЕУ, ниту пак било каква иднина која што ја ветува, истакна денеска на средба со граѓаните на општина Радовиш, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски го искоментира и писмото на Заев до членството каде што граѓаните кои не гласале за него ги нарекува зло, порачувајќи му дека тие не се зло, туку дека тоа е Македонија, а Македонија никогаш не била зло.

Заев во писмото кое го напиша до членството индиректно ги обвини сите кои не гласаа за него дека се зло во оваа земја. Јас не само што не мислам дека се зло, туку мислам дека тоа е Македонија, а Македонија никогаш не била зло, а не се ни зло оние кои поради некоја причина гласале за Заев. Затоа што доста и е на Македонија од конфликти и делби, доста е од граѓани кои ги делат на наши и ваши. Ова е нашата Македонија, Македонија на народот на Македонија, додаде тој.

Претседателот Мицкоски вели дека на Заев не треба да му се верува кога говорел дека ја разбрал пораката од народот, додавајќи дека тој е спремен се да каже само за да ја зачува фотелјата која за него претставува моќ, власт и пари.

Македонија го нема времето да ја разбере Заев пораката од народот. Не наседнувајте на евтини трикови. Прочитан е. Тој сака да заборавите дека цели 52 месеци е власт, и досега најмалку 3 пати вели дека ја разбрал пораката и продолжува по старо. И тука ми е нејасно кога повеќе ја лажеше јавноста кога велеше дека се најдобри за вашата општина или сега кога вели дека разбрал што сака да каже народот? И не за џабе велам волкот го менува влакното, но карактерот не. Заев му гори под нозете и затоа имаме една подвоена личност, еднаш вели најдобар друг пат покајнички по трет пат вели разбрал порака, а во суштина не разбрал ништо. Тој е спремен да каже се што сакате да чуете само да ја задржи фотелјата која за него е моќ, власт и пари, дециден е Мицкоски.

Коронавирус