петок, 17. септември 2021. Вести денес: 46
home Вести

Заев сака да ги уапси сите кои што протестираат против капитулантскиот договор

Заев сака да ги уапси сите кои што протестираат против капитулантскиот договор

Власта синоќа употреби брутална сила врз граѓаните кои мирно протестираа против потпишувањето на капитулантскиот договор кој го потпиша Заев со Грција. Врз граѓаните беа фрлени 20 – тина шок бомби и солзавци, по што беа тепани и апсени демонстрантите кои излегоа да го кажат своето не за капитулантските политики на власта.

Како што јавуваат медиумите уапсени се 10 – тина протестанти, додека според неофицијални извори од МВР бројката е неколкукратно поголема.

Власта покрај граѓани кои протестираа, синоќа апсеше и новинари и медиумски работници. Имено пред очите на целата јавност насила беше уапсен новинарот Борислав Стоилковиќ, без објаснување, и со барање да го предаде снимениот материјал од протестот, кој како новинар легитимно го има направено.

Масовното апсење применувано од власта очигледно е со една единствена цел да го замолчи секој еден граѓанин кој не се согласува со капитулантската политика на Зоран Заев и кој е против штетниот договор кој истиот го потпиша, а според кој државата го губи името, идентитетот и јазикот. Договор од кој според познавачите нашата држава не добива ништо, а дава многу.

Бруталноста на власта ја потврди и Димитар Апасиев, поранешен учесник на шарената револуција, кој на фејсбук напиша дека таква прекумерна сила, со солзавци и шок бомби не било употребена никогаш порано ни за време на шарената револуција, која своевремено палеше и кршеше низ Скопје.

Коронавирус