Во вечерашната дебата на Само вистина на Канал 5 телевизија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го праша премиерот Зоран Заев дали знае за бизнисите на неговиот братучед Трајче Заев кои се надвор од државата, нагласувајќи дека и неговиот братучед не верува во неговите економски политики кои што се катастрофални.
-Господине Заев катастрофална ви е економијата, не ве бива и треба да си го признаете тоа. Немате ниту еден резултат, бројките не се на ваша страна. Господине Заев дали ви значи фирмата Гомасиндра, го праша Мицкоски
На што Заев одговори:Не ми значи,
На ова претседателот Мицкоски му порача
-Господине Заев оваа фирма е о сопственост на вашиот братучед Трајче Заев. Дали ја знаете фирмата Радиша Трејд?
На што следуваше повторно одговор од Заев дека не знае ни за таа фирма.
Мицкоски му порача дека и оваа фирма е во сопственост на Радиша Боеви Заев. Дали ја знаете фирмата ориент Груп, го праша Мицкоски. На што и на ова прашање Заев одговори дека не ја знае. Таа е исто така во сопственост на Трајче Заев. Тие се во сопственост на Бугарија, тие не веруваат господине Заев во вашите економски политики, а вие очекувате македонските граѓани да веруваат, кога вашите најблиски не веруваат.
На ова, Заев се предомисли и почна да се правда дека Заеви плаќаат милионски суми данок во Македонија имаат по 1000 вработени во нивните фирми.
-Да но продаваат производи и во Бугарија и во Јапонија и во Канада и во Русија и во Брисел и во Велика Британија, Ммамасот го има секаде, домашен продукт е, вели Заев.
На што следуваше одговор од Мицкоски дека фирмите а кои го прашал Заев се фирми за градење на згради, а н за ајварот Мамас.
-Господине Заев, овде нема за Мамас, овде е градежништво, строителство вика. Овде нема врска со Мамас и со корнишоните, му порача Мицкоски.
Заев, се предомисли и кажа дека не ги негира фирмите, откако Мицкоски му преточи документација и откако целосно го разобличи пред граѓаните.