среда, 30. септември 2020. Вести денес: 9
home Вести

Заев првпат призна дека е на заминување

Заев првпат призна дека е на заминување

Премиерот на заминување, Зоран Заев, доживеа драстична промена на сопствениот став и по неколку дена тврдење дека нема да има избори на 12. април, утрото во Скопје првпат призна дека е она, што реално е – премиер во заминување.

„Како Влада и јас како премиер кој еве ја напушта функцијата оставам аманет до април како што се договоривме да ја направиме нивелацијата или структурната реформа во образованието“, – изјави Заев по потпишувањето на Спогодната помеѓу Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура за покачување на платите во образованието. Остави аманет на заминување.

Реформата, како што истакна, била многу значајна и ќе дала дополнителни шанси за унапредување и на квалитетот за работа на учениците, но и на наставаниците и професорите.

Заев изминатите денови постојано, во повеќе наврати најавуваше дека избори нема да има на 12 април, а тој нема да поднесе оставка, доколку опозицијата не ги одблокира законите од кои зависат платите, пензиите и инвестициите. Тој посочи дека избори во 2020 година ќе има, но дали тие ќе се одржат на 12 април ќе зависи од пристапот на опозицијата кон Собранието.

Ова е прво признание дека, сепак, ќе го почитува договореното кај Пендаровски. Аналитичарите, кои ги консултиравме, од друга страна остануваат скептици дали и покрај неговото прво признание на реалната и фактичка состојба, Заев ќе го почитува договорот. Неговиот став, велат, не може никогаш да се земе за сериозно, затоа што многу често рокот на траење изнесува ден-два. Велат дека бидејќи зборуваме за човек кој ретко когаш издржал на својот став, со него сите опции остануваат отворени.

Коронавирус