среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Заев признава дека му нудел на Мицкоски влез во Владата, за возврат барал поддршка на Договорот со Грција

Заев признава дека му нудел на Мицкоски влез во Владата, за возврат барал поддршка на Договорот со Грција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Битола пред два дена обелодени дека Зоран Заев му нудел техничка влада и министерства, а за возврат барал да го поддржат Договорот со Грција.

Мицкоски, ваквиот предлог го одбил, со образложение дека честа и достоинството немаат цена.

Во интервју за ТВ Тера, премиерот Заев призна дека му го понудил ова на Мицкоски.

-Таму на преговорите, ние не бевме сами, таму беше Али Ахмети, беше Билал Касами од БЕСА кога разговаравме. Реков дека сум спремен да седнеме заедно и да го поддржиме Договорот и да го истуркаме процесот и постапката, фондови, преговори со ЕУ, ратификацијата со НАТО, комплетно заедно. Не, не сакаше, истакна Заев.

Тој посочи дека не му понудил 5 министерства на Мицкоски бидејќи СДСМ во Владата има 9.

– Тоа не е така, тоа не е од татко ми. Повикот беше заедно да се договориме. Мој е мандатот, немам проблем, го имам. Мојот мандат ќе го поделам ВМРО-ДПМНЕ, но тој одбил, истакна Заев.

Коронавирус