сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 78
home Вести

Заев признава дека и на други барал поткуп, дали ОЈО ќе покрене постапка и за ова признание?

Заев признава дека и на други барал поткуп, дали ОЈО ќе покрене постапка и за ова признание?

Премиерот Зоран Заев на снимката на која се гледа дека бара мито од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачавалиев, јасно кажува дека и други по истиот принцип завршиле работа за стекнување на право на сопственост на земјиште.

– Колку пати треба да кажам, да нацртам, Сашо трансформира земјиште, пред Нова година трансформираше земјиште и Ването, го заврши земјиштето кај краварникот, и уште едно земјиште не бееше проблем кај Жито Струмица, кај Мирчо Свињарнико: На истиот начин завршија, изјавува Заев на снимката која е обезбедена преку посебни истражни мерки.

Заев инаку вчера ја призна релевантноста на снимката, а забелешката му беше дека бил наведен на тоа да побара мито, што истото наиде на потсмев кај јавноста.

Иван Николов кој се јавува како сведок-оштетен во предметот што се води против Зоран Заев, сега премиер, а тогаш градоначалник на Струмица, потврди дека му биле побарани 300.000 евра, за купување на 100.000 м2 градежно земјиште, а митото требало да се подели: 100 илјади евра за Заев, 100 илјади евра за Црквата а 100 илјади евра за СДСМ.

Сведокот Николов објасни дека Зоран Заев му се јавил нему на Митровден (8 ноември 2013 година) околу 21 часот навечер и побарал да се видат во неговиот кабинет за 15 минути, бидејќи се враќал од Скопје.

Николов ги оставил гостите дома, отишол кај Заев, а тој му кажал дека земјиштето што сакал да го купи Николов, градежно државно земјиште, на кое порано имало конзервни фабрики, може да го направи до Нова година по цена од 70 денари за м2, но на купените 100.000 м2 треба да плати и плус по 3 евра за квадрат и тоа по ЕДНО ЕВРО ЗА ЗАЕВ, ПО ЕДНО ЕВРО ЗА ЦРКВАТА И ПО 1 ЕВРО ЗА СДСМ.

Коронавирус