понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 39
home Вести

Заев призна: ВМРО-ДПМНЕ беше во право, не можам да бидам и премиер и министер за финансии

Заев призна: ВМРО-ДПМНЕ беше во право, не можам да бидам и премиер и министер за финансии

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница за реконструкција на владата на СДСМ посочи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ била во право кога укажувала дека тој како претседател на Владата на Република Македонија не може да биде носител и на друга функција односно министер за финансии, бидејќи според законот за корпуција и судир на интереси овие две функции се неспоиливи.

-Дефинитивно тоа што го истакна опозицијата и тоа што го истакнува антикорупциска комисијата и еден дискурс и дебата ни дава за право да му соопштам на Собранието дека дадов налог на кабинетот да пушти предлог за повлекување на кандидатурата моја, односно Зоран Заев за кандидат за министер за финансии, вели Заев.