понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 181
home Вести

Заев призна дека за директори на болници поставува партиски луѓе кои не се експерти – ова е најголема причина за ОСТАВКИ

Заев призна дека за директори на болници поставува партиски луѓе кои не се експерти – ова е најголема причина за ОСТАВКИ

„Политички ги носиме одлуките за да поставиме директори на болниците“. Оваа изјава која синоќа ја даде премиерот Зоран Заев додека беше гостин на телевизија 24 предизвика бројни реакции во јавноста.

-Зарем очекувате кога СДСМ ќе победи и ќе ги постави сите експерти, надвор од политиката, во сите институции? – праша премиерот.

Ваквата изјава е шокантна поради фактот што доаѓа по големата трагедија во тетовскиот ковид центар во која животот го загубија 14 лица.

Ваквите одговори во кои признава дека за директори на болници поставува партиски луѓе кои не се експерти во струката се најголем доказ зошто по пожарот во Тетово мора да се превземе одговорност и да се поднесат и прифатат оставки.

По остар притисок од јавноста, министерот за здравство Венко Филипче истакна пред јавноста дека поднесува оставка. Но, тој и денес е на таа функција бидејќи премиерот нема одлучено по неа. Ќе чекал истрагата да покаже дали некој има одговорност.

Тоа што Заев и Филипче многу добро го знаат е дека истрагата ќе покаже дали некој има кривична одговорност, за моралната им беше потребен само сопствениот морал, кој не го покажаа.

Трагедијата во Тетово беше ужас кој не смееше да се случи. 14 лица изгореа живи, а надлежните не почувствуваа дека треба некој да понесе одговорност.

Најнови вести

Локални избори 2021