среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заев призна дека се испазарил со тројцата пратеници за гласање на Уставни измени

Заев призна дека се испазарил со тројцата пратеници за гласање на Уставни измени

Јас знам дека тие луѓе очекуваат помирување. Јас знам дека лично не е мое да коментирам во делот на судот дека тие луѓе не се терористи., тоа го знам. И во делот на обвинување и во се. Тоа е право на обвинителството, на судот и сл.  Јас знам дека должност на државата е да влеземе и да направиме се да се помириме внатре ако сакаме Македонија да биде нормална земја и да оди напред. Во тој дел реков и во Парламентот и ќе повторам, одговори Заев на прашањето за тројцата пратеници обвинети за 27-ми зошто толку сигурно гласале за уставните промени на новинарот на емисијата на „360 Степени“.

Новинарот го праша премиерот: „Дали тоа е поткупување на принципот на правото“, а Заев децидно рече дека апсолутно не е поткупување на принципот на правото.

Ако тргнеме во делот на помирување преку помилување, во делот на законска регулатива или слично, тоа не е мешање во владеење на правото. Тоа не е мешање во правосудниот систем, Парламентот стриктно има свои надлежности и може да донесе одлуки, преку оваа изјава Заев призна дека се меша во правосудниот систем и дека има политички пазар, иако во текот на целата емисија тој негираше.

 

Коронавирус