среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Заев призна дека оддал државна тајна

Заев призна дека оддал државна тајна

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ во улога на сведок се појави поранешниот премиер и актуелен претседател на СДСМ Зорна Заев. Тој рече дека имал повеќе средби со родителите на убиените деца. Сакале повеќе информации што се случило, дали има информации во бомбите што ги поседува СДСМ.

При тоа тој потврди дека покажал разговори за кои не знаел дали се нелегални разговори или комуникација од посебни истражни мерки што е кривично дело.

„На една од средбите родителите изразија сомневање дека институциите на системот кријат од нив информации. Се работеше за околу 5 комуникации на тогаш осудени лица, каде едниот од соговорниците беше сокриен од страна на судот или обвинителството, заради службена тајна. Јас ги извадив истите комуникации и им ги презентирав на родителите да ги видат во мое присуство, без да им дадам копија. Не знаев дали се нелегални разговори, или комуникација од посебни истражни мерки. За вторите, бев советуван дека постои можност кривично да се одговара ако јавно се објават ПИ-мерки кои се службена тајна“, одговори Заев.

Коронавирус