четврток, 13. август 2020. Вести денес: 117
home Вести

Заев призна дека нема документ дека го пријавил „Рекет“: Бев на состанок со обвинителот

Заев призна дека нема документ дека го пријавил „Рекет“: Бев на состанок со обвинителот

Во едно наше соочување и претходно ве прашав дали го пријавивте случајот Рекет, каде е документот дека сте го пријавиле случајот Рекет. И ова ве прашувам, а не добивам одговор, а вие цело време тврдите дека го направивте тоа. Како тоа пријавен случај, а немате документ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на првата делевизиска дебата за овие предвремени парламентарни избори со претседателот на СДСМ, Зоран Заев која се емитува на телевизија 24

Според Мицкоски многу е важно каде и кога го пријавил Заев случајот „Рекет“.

– Кога и каде сте го сторивте тоа? Треба одговор на ова прашање, ако нема како да ви веруваме, праша Мицкоски.

Заев пак без прецизен одговор вели дека бил на состанок кај јавниот обвинител.

-Јас бев на состанок кај јавниот обвинител, таму не даваат документ, рече Заев.

На ова  Мицкоски му даде конкретен случај со кој докажа дека кога се оди кај јавен обвинител да се пријави случај за истиот се добива документ.

Мицкоски го посочи случајот со Антонијо Милошоски за кој Мицкоски објасни „тој отиде во јавното обвинителство, тој достави документ, пријави и доби, за истиот случај кој го пријавуваше, и документ дека е пријавен случајот“.

Ова, додаде, Мицкоски е многу важно, затоа што на зборот на Заев не може да му се верува, а праксата на обвинителство вели дека кога се пријавува случај се добива и документ.

Коронавирус