петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 49
home Вести

Заев призна дека датум за преговори со ЕУ не е прецизиран (ВИДЕО)

Заев призна дека датум за преговори со ЕУ не е прецизиран (ВИДЕО)

Зоран Заев на една од трибините каде што оди со кандидатот за претседател, Стево Пендаровски пред граѓаните призна дека не се знае кога ќе добиеме преговори за влез во ЕУ, иако неодамна ветуваше дека преговори за датум ќе добиеме во јуни.

„Не сме членка на НАТО, ниту опак уште е презициран датумот за преговори“, додаде Заев.

Иако на 04.04.2019 Заев на една од локалните избори изјави – „Ние лани добивме ветување дека овој јуни би можеле да добиеме датум ако ги исполниме четирите точки, судство, јавно обвинителство, безбедносни структури, корупција. Досега се сме исполниле, заедно гласавме со опозицијата за овие“.

Заев меѓутоа минатата година во јуни говореше нешто друго, дека Македонија добила датум за преговори и оти ЕУ донела историска одлука. Дури истакна дека околу тоа нема никакви дилеми и дека ЕК никогаш повеќе нема да се враќа на датумот за преговорите и дека е дегутантно да се негира таквиот факт.

– Треба да се израдуваме, Македонија доби датум за почеток на преговори во јуни 2019 година…. Мислам дека е дегутантно да се негира таквиот факт – изјави премиерот во јули 2018 година.

Коронавирус