сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заев преку Бучковски сака побрзо да ги продаде историјата и иденитетот

Заев преку Бучковски сака побрзо да ги продаде историјата и иденитетот

Што се крие позади именувањето на поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник на Владата за Бугарија? Дали премиерот Заев го засилува тимот за полесно и побрзо прифаќање на бугарските барања и нивна имплементација во Македонија?

Владо Бучковски беше еден од ретките кои застанаа во одбрана на премиерот Заев после неговото скандалозно интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС. Додека целата држава вклучително и експертската јавност, заедно со членовите на историската комисија се оградија од тие ставови на Заев, Бучковски беше еден од ретките во тој мал круг кој со сите сили се обидуваше да го оправда премиерот. Се разбира неколку денови подоцна следеше и наградата.
Но, сето тоа не е случајно. Уште во 2006 година, Бучковски како тогашен премиер на Македонија, правеше обиди да протне дека имаме заедничка историја со Бугарија. Имено, тој најпрво се сретна со тогашниот бугарски премиер Станишев, а потоа се обиде да организира заедничко чевствување на Илинденското востание, за како што велеше врз основа на нашата заедничка историја. Значи поклопувањето на ставовите на Бучковски со тие на Бугарија не е од вчера, туку влече корени од пред 14 години.

Бучковски тие ставови ги потврди и кога се потпиша Договорот за добрососедство и пријателство, за кој тој вели дека значи формално прифаќање на заедничката историја и дека тоа е неоспорен факт.

– Според мое мислење, ако се тргне од Договорот за пријателство и добрососедство, ние формално прифаќаме дека имаме заедничка историја. Ова е неоспорен факт. Но, тврдењето дека ние сме всушност еден народ во две држави, во овој момент, во Република Македонија, доколку се прифати оваа теза, би се направило повеќе штета отколку добро. Јас сум приврзаник на оние кои не се мнозинство. Тврдиме дека во моментот немаме поголем сојузник од Република Бугарија, вели Бучковски.

Бидејќи прилично беше активен да го одбрани Заев периодов, Бучковски даде повеќе интервјуа за неколку денови. Во интервјку за Бугарската „ТВ Европа“ тој буквално ги повтори истите ставови за заедничката историја, но во неговото гостување на „ТВ Сител“, тој отиде чекор понатаму и рече дека треба да се избрише зборот фашистички, затоа што ги навредува Бугарите. Или со други зборови тој бара да се фалсификува историјата како што сакаат Бугарите.

– Треба да видиме дали е точно дека во изминатите години имаме 15 до 20 споменици на кои е избришана формулацијата „бугарски”, за да дадеме поттик во духот на Договорот за соработка и да не ја лепиме таа етикета на сите Бугари, рече Бучковки за сител

Сепак најскандолозен е неговиот став дека треба да се изврши притисок врз историската комисија, каде тој конкретно кажува како треба да работи истата, односно не врз основа на историските факти, туку по неговата змаисла.

– Историчарите да излезат од рамките на она што беше во времето на комунизмот. Мора да побегнеме од нешто што не оддалечуваше. Затоа сум убеден дека дебатата што се отвора во македонското општество треба да даде јасен правец во кои насоки треба да се движи работата на комисијата, рече Бучковски.

Оттука е јасно вклучувањето на Бучковски во целиот процес. Притисок врз комисијата, подготовка на македонската јавност и побрзо прифаќање на бугарските барања за непостоење на македонска историја пред 1944 година, менување на македонскиот идентитет, и фалсификување на минатото.

Најнови вести

Коронавирус