петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Вести

Заев пред Грета Тунберг се согласува дека Макрон е ужасен човек и ветува дека ќе ги затворел аеродромите затоа што многу загадуваат

Заев пред Грета Тунберг се согласува дека Макрон е ужасен човек и ветува дека ќе ги затворел аеродромите затоа што многу загадуваат

Во дел од разговорот на Заев со наводната Грета Тунберг и нејзиниот татко кој е дел од најновиот пранкерски хит во кој се најде, тој говори дека Макрон мора да биде поодговорен политичар и се согласува со Тунберг дека е ужасен човек, а Грета му се жали дека Макрон игра со Русите.

Дел од разговорот:

Грета Тунберг: Макрон (Францускиот претседател) е ужасен. Ги промени неговите позиции за климатските промени. Минатиот пат се однесуваше лошо, ги изневери западните вредности во полза на приближувањето со Истокот и оди кон руските интереси, не знам што им има ветено.

Зоран Заев: Нешто се случи таму, но се надевам дека ќе биде повеќе подговорен во иднина затоа што Франција, Германија такви држави се лидери во светот, тие мора да го водат светот. Со позитивно однесување, а не од аспект на постојано менување на позициите.

Грета Тунберг: Можам да замислам дека тие износи се големи пари за вашата држава и сум разочарана што Западот не ве поддржува и ве остави сам и мислам дека тоа е поради Трамп. Го мразам. Тој е непријател на заштитата на природата.

Зоран Заев: Тие политичари имаат поврзаност меѓу нив и се водат од тоа, но на крајот од денот мораме да бидеме одговорни сите ние и да носиме тешки одлуки, позитивни одлуки и тоа е нешто во кои сите ние можеме да учествуваме за време на нашиот мандат бидејќи е чест и одговорност за да се носат големи политички одлуки и во тој правец не се откажувај продолжи да се бориш и да не мотивираш сите нас.

Во еден дел од денес објавениот разговор со пранкерите кои се преставуваат како Грета Тунберг активистка за зачувување на природата и нејзиниот тетко, Зоран Заев ветува дека ќе ги затвори аеродромите затоа што многу загадувале.

Дел од разговорот:

Грета Тунберг: Да можеби треба да започнеме со аеродромите. Знаете ли колку аеродроми имате во државата.

Зоран Заев: што колку? Аеродроми?

Таткото на Грета Тунберг: Да

Зоран Заев: Два. Имаме еден во нашиот главен град и друг во нашето познато туристико место Охрид со нашето најстаро езеро заштитено од Унеско.

Грета Тунберг: Мислам дека треба да затворите некој од аеродромите за да се намалат јаглеродните емисии.

Зоран Заев: Во ред, тоа е исто така добра идеја. Да зошто да не. Зошто да не. Секоја идеја е добро да се разработи имплематицијата и да се има добри резултати од тоа. Имаме само два аеродрома, немаме повеќе, но ние сме мала земја. Овде во регионот имаме многу аеродроми.

Таткото на Грета Тунберг: хахаха, Грета стоп, мигрантите така нема да можат да дојдат во Северна Македонија.

Зоран Заев: Да, хахаха. Но мора Грета да не посети нас. Како ќе дојде Грета до нас?

Таткото на Грета Тунберг: мислам дека тоа е поважно.

Зоран Заев: да се согласувам

Грета Тунберг: мислам дека Северна Македонија е одлична земја за мигранти. Ќе биде одличен пример за Европа и вашата посветеност кон Европската Унија и вашата посветеност кон хуманизацијата.

Зоран Заев: Да, ние работиме заедно со Европската Комисија. Хуманите аспекти на она што се случува тука е едно од важните……од нашата земја. Тие не се многу заинтересирани да останат тука зошто имаме помали економски стандарди во споредба со западните стандарди во Европа, но менаџираме заедно. Хуманиот третман е многу важен. Бидејќи миграцијата не се случува само од Сирија туку и од Авганистан од некои Афрички држави.

Грета Тунберг: да, а на мигрнтите им треба вдомување, референси да се вработат во твојата земја и ние ќе те поддржиме на меѓународно ниво.

Зоран Заев: Многу добро, многу добро. Многу добро. Грета голема чест ми е што зборував со тебе. И ќе ни биде големо задоволство и ќе сме среќни со твојата посета на државава, тука во Северна Македонија.

Грета Тунберг: Слушнав дека одгледувате марихуана. Мислам дека е корисно и еко пријателски и се надевам дека ќе го пуштите татко ми да пуши кога ќе дојдеме.

Таткото на Грета: да ја сум голем фан на тие работи…

Зоран Заев: Многу добро, многу добро. Ги слушаме младите луѓе, за отворање на  процедура за легализирање на тоа за рекреативна употреба, но се уште има дебата во државава. Треба да ги зголемиме капацитетите за тоа, затоа што има позитивни примери во Канада или некои други држави во САД. Но засега тука се одгледува само за медицински цели.

Грета: Да

Зоран Заев:Да се биде познат не е лесно. Фондацијата отворено општество и Џорџ Сорос е голем поддржувач на вредностите и проектите кои содржат вредности во овој свет и тоа е многу корисно

Таткото на Грета: Фала многу премиере.

Зоран Заев: Фала драги пријатели. Грета фала многу.

Таткото на Грета: и не заборавај за аеродромите.

Зоран Заев: хахаха

Грета Тунберг: мораме да летаме.

Зоран Заев: Ми беше задоволство да разговараме и ти посакуваме многу успех

Таткото на Грета: Ќе ти помогнеме во пр

Коронавирус