понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

„Заев прави кривично дело и ги тера пратениците да кршат изолација, мерките можеа да бидат изгласани уште во четвртокот“

„Заев прави кривично дело и ги тера пратениците да кршат изолација, мерките можеа да бидат изгласани уште во четвртокот“

Зоран Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од КОВИД во изолација, во скафандери да одат во Собрание, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев е лицемерен и манипулативен. Талат Џафери и владеачкото мнозинство намерно не ја ставија седницата за петтиот пакет на мерки на дневен ред во четвртокот, затоа што истата ќе беше изгласана со кворум на ВМРО-ДПМНЕ, а тие ќе немаа можност за театар. Се што прави Зоран Заев денеска е само театар, а за неговата претстава да биде целосна ги тера пратениците да прават кривично дело, да го загрозуваат јавното здравје и да кршат здравствени прописи за време на пандемија. Главното прашање е зошто пратениците може да ја кршат изолацијата, а граѓаните се затворени дома?, прашуваат од партијата.

Од таму додаваат дека СДСМ и Заев прават кривично дело. Заев свесно го прави ова и за истото ќе има одговорност, доколку беше чесен и искрен мерките ќе беа изгласани во четвртокот, но Заев го интересира само ситна политичка корист, а не граѓаните и државата.

Коронавирус