среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 151
home Вести

Заев повторно против Заев: Во одбрана на Бујар Османи, премиерот докажа дека манипулирал со граѓаните (ВИДЕО)

Заев повторно против Заев: Во одбрана на Бујар Османи, премиерот докажа дека манипулирал со граѓаните (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев, по којзнае кој пат му се спротивставува во изјавите на првиот човек на СДСМ, Зоран Заев. Секако, станува збор за изјави на еден ист човек, но тој самиот си ги погазува постојано.

Тоа што го зборувал пред да седне на премиерското столче, сега го крие под килим, па се оградува од сопствените изјави дадени додека беше на чело на СДСМ во опозиција. Заев си ги менува личните изјави, кога и да се дадени истите, зависно од приликата која му одговара или не му одговара.

Така, на 28-ми мај 2017-та година, Заев беше, барем навидум, јасен и гласен, па рече:

-Ако некој е под истрага и осомничен, нема да биде дел од Владата!

На 12-ти окотмври 2018-та година, Заев сфаќа дека коалицијата со ДУИ му е единствениот адут да остане со мнозинство, па погазувајќи ги зборовите дадени до граѓаните, недвосмислено застана во одбрана на Бујар Османи, осомничен во една од последните истраги на СЈО, вели сега Заев.

Вицепремиерот Бујар Османи е под истрага на СЈО во случајот Пациент. Според СЈО, постои основано сомнение дека во 2010 година четворица од осомничените, Фатмир Авмедовски, Бетим Љамалари, Менсур Ибрахими и Жаклина Чагороска, како одговорни лица – претседател и членови на комисијата за јавни набавки во Министерството за здравство на РМ, при вршење на јавна набавка за изведување на градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе Јавни здравствени установи низ Македонија, поднеле незаконит предлог за избор на најповолна понуда. Осомничениот Бујар Османи, како министер за здравство, наместо да го одбие предлогот на Комисијата, донел решение за избор на најповолна понуда на понудувачот ГБС – Благоевград – Република Бугарија.

Премиерот иако велеше дека за лица под истрага нема да има место во неговата Влада, сега се предомисли и по којзнае кој пат си отиде против себеси, докажувајќи дека манипулира со граѓаните.

Коронавирус