петок, 4. декември 2020. Вести денес: 137
home Вести

Заев повторно излажа: Фолксваген инвестира во Србија наместо во Македонија

Заев повторно излажа: Фолксваген инвестира во Србија наместо во Македонија

Премиерот Зоран Заев пред извесно време најави голема инвестиција на гигантот во автомобилската индустрија Фолксваген.

Таа инвестиција требаше во Македонија да донесе неколку илјади вработувања, но вестите од соседна Србија говорат нешто друго.

Како што може да се прочита на српските медиуми, овој автомобилски гигант започнува да инвестира и да гради фабрика токму во Србија.

Новости.рс објави дека Фолксваген ја одбрале Србија за оваа инвестиција, а во конкуренција била и нашата држава.

Србите прогнозираат дека оваа фабрика ќе им донесе извоз од 4.5 милијарди евра.  5000 Срби ќе добијат работно место. Да беше поспособна нашата Влада, тоа ќе значеше 5000 нови работни места за нашите сограѓани.

Заев и на оваа тема ги излажа граѓаните. Најавува инвестиции за кои знае дека со ваква инвестициска клима и економска состојба кои тој ги создаде, инвеститорите ќе ја заобиколат нашата земја.

Загрижувачки е и фактот што Заев најави и уште неколку инвестиции од ИТ секторот, како што се Фејсбук и Гугл, но засега овие инвестиции се само најава од премиерот.

Коронавирус