вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 94
home Вести

Заев потврди, нема да имаме датум за преговори

Заев потврди, нема да имаме датум за преговори

Ние направивме се што требаше, сега треба Европа да го стори истото, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено“ на телевизија 24 на тема „Две години Влада“.

Според премиерот, консталацијата на односите во регионот, односот Белград-Приштина, како и состојбата со Албанија се причините за евентално недобивање на датумот за преговори.

-Блескав е извештајот, 28 земји членки се позитивни за нашиот наредок. Очекувам, со силата на аргументите и сработеното во реформите ЕУ да возврати. Ние сработевме нешто што чекавме 14 години и заслужуваме. Сигурен сум дека ќе добиеме датум но сакаме тоа да биде порано. Веројатно по состанокот со канцеларката Меркел ќе имаме подетални информации. Јас сум убеден дека најмалку ќе биде верификувано се што е направено и дека ќе има јасно прецизно определување кога ќе го добиеме датумот за преговори. Мене ми е јасно дека јуни не е толку извесна можност, но имаме можности за јули, изјави Заев.

Посочи дека очекува моќта на привлекување на ЕУ на земјите кандидатки да опстои и двете стратешки цели, членство во НАТО и добивање на датум за почеток на преговорите ќе бидат исполнети годинава.

Тој рече дека нема да избрзува да каже дали е изигран, но вели дека животот е борба, животот не е фер.

-Никој не ги става под знак прашање реформите, вели Заев.

Премиерот верува дека ЕУ ќе го испорача датумот за преговори. За германската канцеларка Ангела Меркел вели дека таа е пријател на Македонија и на нашиот народ.

Ако не добиеме датум, рече дека сите опции се отворени како избори или враќање на мандат.